Владата и банкарите денес треба да се договорат за унгарскиот заем

by Фокус

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитреска-Кочоска денеска ќе одржат средба со Македонската банкарска асоцијација на која треба да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем.

Според министерката за финансии, само една банка пројавила интерес дека може да учествува во субвенционирањето на каматата и во однос на условите за рокот на отплата. Според неа, интенцијата на Владата е да бидат вклучени сите банки за клиентите да можат да го земат кредитот преку банката со која работат.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, рече вели дека е важно состанокот со банките да заврши успешно и конечно да почнат да се користат средствата од унгарскиот заем. Тој очекува банките да покажат општествена одговорност како во ковид кризата и енергетската криза и сите заедно да работат на појака економија.

Инаку, кредитот е земен со каматната стапка од 3,25 проценти и под тие услови компаниите ќе ги позајмуваат средствата.

 

Поврзани новости