374
Владата на денешната седница го задолжи министерот за економија, Крешник Бектеши, на првата наредна седница да ја информира Владата за сите управни и судски постапки (одлуки, заклучоци и информации) поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот с. Иловица, Општина Босилово, почнувајќи од првата одлука до денес.
Одлучено е, по Информацијата до Владата, Министерството за економија да ги сподели сите информации во неа и со новинарите и јавноста, соопштија од Владата.