Владата на денешната седница го утврдила предлог-законот за учебници кој, според Владата, е изготвен согласно стратешките документи и препораки донесе од страна на Европската комисија.
„При изготвување на новото законско решение беа земени предвид стратешките документи и препораки донесени од страна на Европската Комисија кои се однесуваат на образованието и дигитализацијата во чиј фокус се развојот на дигиталните вештини на учениците, креирањето и употребата на дигитални наставни материјали, развојот на едукативни платформи, развојот на дигиталните вештини на наставниците и трансформацијата на училиштата во средини во кои се негуваат и развиваат дигиталните вештини и компетенции на учениците со крајна цел поголема инклузивност и зголемување на квалитетот на образовниот процес“, велат од Владата.
Новиот закон, меѓудругото, предвидува и воведување дигитални учебници, што наиде на реакции кај дел од родителите, учениците и опозицијата.