Владата го усвои предлог-законот за медиуми, ќе се менува начинот на избор на директор на МРТ

by fokus

На својата редовна, 55 седница, Владата го усвои Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Од Владата велат дека основна цел на овој предлог закон е департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис и регулаторното тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Суштинските измени што се предлагаат се однесуваат на изборот на управните тела и директори на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и во однос на финансирањето на работата на МРТ и АВМУ.

На предлог на Министерство за информатичко општество и администрација Владата денеска го разгледа и усвои и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со основна цел за усогласување со измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Поврзани новости