Владата на денешната седница усвои информација за проширување на функционалноста на Владиниот контакт центар и во други институции за компаниите и граѓаните во врска со информации за економските мерки и другите поврзани мерки за Ковид-19.
„На овој начин ќе се овозможи поуспешна поддршка на компаниите и граѓаните, да им се одговори на прашањата што ги имаат за економските и други поврзани мерки, навремено и во целост со компетентна стручна помош“, соопштија од владата.
Од таму велат дека Владата на денешната седница го задолжи министерот за здравство Венко Филипче да донесе решение за формирање на работна група за вршење увид во изворен код на мобилната апликација „СтопКорона!“, составена од независни членови со соодветни познавања. Како што соопштија од владата, нивна задача ќе биде да извршат проверка на соодветност на изворниот код со намената и целта на апликацијата, како и нејзина безбедност.