Владата на Република Македонија на денешната седница донесе и неколку кадровски решенија и именуваше неколку нови директори на државни инспекторати. Владата на Република Македонија го замени Генералниот секретар Драги Рашковски, од позицијата претставник на Владата во Акционерското Собрание на Телеком и на таа позиција ја назначи Тања Чачарова Илиевска, советник за правда во канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија.
За директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Владата го именуваше Ејуп Јахја, за директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Сеад Садуковски и за директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. Воедно на денешната владина седница
За претставници во Советот на Јавната научна установа Институт за македонска литература Владата ги назначи Димка Митева, Љубица Станковска и Владимир Мартиновски.