На денешната владина седница е разрешен државниот правобранител Фехми Стафа, потврдуваат од Владата за ,,Фокус”.
Допрва се очекува образложение за ваквата одлука. Тој на функцијата дојде во 2018 година како кадар на Алтернатива, а шестгодишниот мандат требаше да му истече во 2024 година. Но, Стафа важеше и за близок на ДУИ, а според извори на ,,Фокус” присуствувал и на последната партиска прослава.
Инаку Стафа пред неколку месеци поднесе кривична пријава за неуспешната конфискација за случајот ,,Трансмет”, против обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, како и за досегашниот директор Арафат Муареми, но од друга страна обвинителството ја истражува и неговата улога, односно на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.
В.В.