621
Откако вчера во јавноста излезе повикот на Службата за општи и заеднички (СОЗР) на Владата на РМ во кој се бараат понуди за набавка на мебел во стил од времето на Луј XV за владината зграда, денеска од Владата излегоа со соопштение дека тие не биле информирани за оваа набавка и и наложија на СОЗР да го поништи тендерот.
-Владата нема потреба од мебел каков што е наведен во спецификацијата и не се согласува со спецификацијата на јавната набавка. Владата и наложи на Службата за општи и заеднички работи да ја поништи јавната набавка, се вели во соопштението на Владата.
Од Владата велат дека тие не побарале мебел и опрема какви што се наведени во јавната набавка објавена од страна на Службата за општи и заеднички работи.