663
Владата денеска нема да одлучува за новите ковид-мерки кои ги предложи Комисијата за заразни болести, поради трагедијата која се случи во Бугарија.
-Информираме дека мерките кои се однесуваат на вакцинација против ковид-19, предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница, соопштија од Министерството за здравство.
Комисијата предложи за вработените во јавниот сектор да се воведе задолжителна потврда за вакцинација, или негативен ПЦР-тест кој ќе важи најмалку 72 часа, или пак потврда за прележан ковид, не постава од 45 дена или потврда од специјалист дека лицето не може да се вакцинира.