Владата го одби барањето на „Еуромакс“ за дозвола за Иловица

by fokus

Владата денеска на седница усвои информација за одбивање на барањето на „Еуромакс ресоурцес“ ДОО Скопје за издавање дозвола за експлоатација на бакар и злато на локалитетот Иловица во Општина Босилово.

Министерството за економија, кое на владина седница минатата недела беше задолжено да ја утврди исполнетоста на условите за добивање дозвола, на денешната седница на Владата ги презентирало заклучоците со кои е утврдено дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање  дозвола за експлоатација.

-Министерството за економија информираше дека се исполнети законските услови за донесување решение за одбивање на барањето за издавање дозвола… По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата на Република Северна Македонија ќе може да донесе и конечна одлука за едностран раскин на Договорот за концесија со „Еуромакс ресоурцес“ ДОО Скопје, соопшти владината прес-служба.

Поврзани новости