Најавуваниот проект со кој Владата ќе им додели 250 милиони евра на општините во државата за спроведување на инфраструктурни и капитални проекти денеска и официјално го презентираа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје може да аплицираат на отворениот јавен повик за доделување на средствата врз основа на претходно утврдените критериуми и процедури од страна шесте ресорни министерства од областа на проектите и тоа – министерството за транспорт, за животна средина и просторно планирање, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за спорт и за култура и туризам.
“Апелирам што е можно повеќе општини, независно од политичката провиниенција на градоначалниците, да учествуваат во овој повик“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.