Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

by Fokus
Владата на својата официјална веб страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик.

-Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално го објави предлогот на француското претседателство и можете да го преземете на следниот линк, посочуваат од владата.

На македонски јазик:

Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ

Предлог заклучоци на ЕУ

Заеднички став на ЕУ

На англиски јазик:

Ministerial meeting of the intergovernmental conference – Completing the opening of the negotiations on the accession of North Macedonia to the European Union – General EU Position [англиска верзија]

Draft Council Conclusions [англиска верзија]

Draft EU Common Position for the first IGC [англиска верзија]

-Предлогот во кој се вградени забелешките на Валадата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција.

Во текот на денот и во следните денови, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата, се вели во соопштението.

Поврзани новости