777
Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“ и за уплата на средствата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.
Со заклучок на Владата му се препорачува на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ средствата во износ од 4.383.410,00 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на Владата наменета за донации од правни и физички лица за справување со КОВИД-19 епидемијата.
Владата ги задолжи Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија да склучат анекс на договорот за заедничко организирање на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и ја задолжи Државна лотарија да ги измени Правилата за приредување на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и да направи техничко прилагодување за реализација на одлуката, соопшти владината прес-служба.