Владата го лоцираше загревањето на домовите како најголем загадувач на воздухот

by fokus

Загревањето на домовите е најголем загадувач на воздухот, е заклучок од извештајот на интер-ресорската работна група составена од 17 државни институции и граѓански и еколошки организации, која работеше на анализа на овој проблем. Од Владата денеска информираа дека извештајот е усвоен и во следниот период минисерствата ќе треба да и ги соопштат на јавноста мерките за заштита од загадувањето.

– Лоцирани се изворите на загадување. Според овој извештај загревањето на домовите, односно греењето е најголем загадувач на воздухот – изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Извештајот предлага неколку мерки на краткорочен и долгорочен план, предвидени за справување со загаденоста. Една од нив е евентуално враќање на исклучените граѓани од системот на централно греење на Град Скопје.

Владата планира и законски измени за обврска на секој инвеститор при добивање на градежна дозвола, да приложи проект за начинот на затоплување на објектот. Ќе се предвидуваат субвенции и стимулации за нови типови на загревање.

На долг рок една од мерките предвидува и забрана за користење на јаглен за загревање на домовите, мерка која треба да се имплементира до 2021 година. Гасификацијата е исто така мерка која се предвидува на долг рок.

Поврзани новости