Владата ги замрзна цените откако се поскапи, инфлацијата го јаде стандардот. Одлуката за замрзнување на цените е задоцнета. Замрзнувањето на цените требаше да се случи пред да поскапат производите во малопродажба, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните прехрамбени производи.
-Дополнително власта не решава ништо, затоа што граѓаните ги очекува поскапување на цената на струјата. Според неофицијални информации АД ЕЛЕМ бара покачување од над 20%, а можно е уште поголемо покачување и како барање на МЕПСО.
Само за еден месец заради недостатокот на струја се потрошија скоро 40 милиони евра, а трендот на трошење земајќи ја во предвид актуелната ситуација со енергетските капацитети ќе продолжи. Нема ниту јаглен, хидро акумулациите се празни, а ТЕЦ Неготино не е ниту на повидок дека ќе почне со работа, се вели во реакцијата на опозицијата.
Според одлуката на Владата, цените на основните прехранбени производи нема да се менуваат до крајот на јануари. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата до 31 јанури да се продаваат по цени што ги имале на 1 декември годинава.