Владата ги усвои стратешките приоритети за 2019 година: Целосно спроведување на Рамковниот договор и зголемување на стандардот

by fokus

Во рамки на денешната 66-та седница на Владата министрите ја разгледале и ја прифатиле предлог – одлуката со која се утврдуваат стратешките приоритети во работењето на Владата на Република Македонија за 2019-та година. Дел од нив се:

– Развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните;
– Република Македонија – членка на НАТО и ЕУ;
– Одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата;
– Јакнење на владеењето на правото, преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа;
– Реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија;
– Реформи во правосудството;
– Целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година. Владата го задолжи Секретаријатот за европски прашања да го консолидира Планот 2018 со внесување на соодветните елементи од Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година во рок од 7 дена.

Дополнително, се задолжува ад хок работната група да го дополни План 2018 со соодветните препораки од Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година.

Поврзани новости