Нови четири јавни огласи за дополнителни 4 294 хекатри државно земјоделско земјиште, до три хектари, во сите 31 регион во државата, поминаа денеска на владина седница.
Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, земјиштето е за сите намени – долгогодишни насади (лозја, овоштарници), оранжерии, маслинарнции, пчелни семејства,….
Николовски најави и дека до крајот на мај се подготвуваат уште два огласа за доделување државно земјоделско земјиште над три хектари – едниот за одгледување сточна храна, а вториот за сите останати намени согласно Законот за земјоделско земјиште.
-Нашата цел е зголемено домашно производство. Секоја педа од земјиштето ќе биде ставена во функција, подвлече Николовски.
Според него, интерсот за првиот оглас е огромен, пристигнале рекорден број апликации.
-Комисијата заседава, а јавното наддавање за тоа кој ќе склучи договор, ќе биде закажано за следната недела. Тоа што интересот е оргомен, покажува дека се доделуваат атрактивни парцели и тоа ќе влијае на домашното производство, напомена министерот.
Тој информира и дека денеска е направена првата исплата на дополнителните субвенции на 1 066 корисници кои набавија вешатко ѓубре. Исплатени им се околу 15 милиони денари преку Интервентиот фонд.