Владата ги разреши Хамиди и Стаменковски: За нови директори во М-НАВ предложени Мемеди и Кораќ

by Fokus

Владата на денешната седница ги разреши од функциите извршниот директор и член на Управниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ) Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски.

На нивно место, Владата ги предложи Илир Мемеди, кој е поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба и Милан Кораќ кој е оперативен инженер техничар во Македонска навигација. А, Хасим Деари останува на функцијата директор во М-НАВ.

Оваа владина препорака следи по инцидентот кога група од осум лица упаднаа во просториите на М-НАВ и физички нападнаа вработен.

Претседателот на Синдикатот Александар Тасевски претходно најави дека ако не бидат разрешени директорите на М-НАВ, Контролата на летање ќе го затвори воздушниот простор над Скопје.

Во М-НАВ денеска влегоа инспектори од Управата за финансиска полиција, за да извршат проверки на целокупното финансиско работење.

Поврзани новости