Владата ги провери и ги отфрли тврдењата на СДСМ за Меџити: Шпекулации и неточни наводи

by Fokus

Владата ги провери и ги отфрли наводите изнесени од СДСМ во врска со работата на министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити.

„Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување. Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади. Ако по логиката на Кузевска тоа е прекршување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ“, соопшти Владата, нарекувајќи ги неточни и шпекулации тврдењата на СДСМ.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска претходно денеска достави документи до Владата, за наводно коруптивно работење на вицепремиерот Меџити во неговото министерство.

Поврзани новости