88
Владата ги повлече од Собрание амандманите за измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои ќе се санкционираат оние политичари кои ќе се најдат на црните листи на САД и Обединетото Кралство.
Од Владата велат дека измените на законот, се повлечени од собраниска процедура од административни причини.
„Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада административно оди на ново одбрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието“ се наведува во владиното соопштение.
Измените на законот за рестриктивни мерки не добија поддршка од техничкиот премиер Талат Џафери.