114
Владата ги одобри измените на законот за рестриктивни мерки, со кои американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.
Ова попладнево на својот Фејсбук го објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Оваа одлука следи откако македонски функционери и бизнисмени се најдоа на американската „црна листа“.
Измените на Законот предвидуваат правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство да се додадат како основ за воведување рестриктивни мерки од страна на државата.