585
Владата ги објави примањата на премиерот Димитар Ковачевски, нeговите заменици и министрите во владата.
Првиот човек на владата зема 88. 260 денари нето плата, додека пак меѓу министрите со највисоки примања е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој месечно добива 86.324 денари.
На сите министри основната плата им е 65.026 денари.
Меѓу замениците на премиерот, највисока плата зема вицепремиерката, Славица Грковска 73.045 денари, потоа вицепремиерот Фатмир Битиќи со нето плата од 71.762 денари.
Нешто помала плата зема Артан Груби и тоа 70.478 денари а додека Бојан Маричиќ помеѓу вицепремерите котира најниско со плата од 69.197 денари.