Владата ги објави фирмите кои земале државни пари, а не им дале ништо на вработените

by Фокус

Владата попладнево го објави списокот на сите фирми кои зеле државна помош, а потоа ја злоупотребиле и не ги исплатиле вработените. На овој список се компании од повеќе градови, но најчесто се со седиште во Тетово, Струга, Куманово и Скопје. Тие може да се погледнат на следниот линк.

Инаку, дел од фирмите под притисок на јавноста вчера почнале да ги исплаќаат платите за работниците. Синдикалните организации побараа кривична одговорност и најстроги санкции за фирмите кои ја злоупотребиле помошта од државата.

Неделава од Управата за јавни приходи обелоденија дека сопствениците на 708 компании во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците.

Поврзани новости