Владата ги избра новите директори на УБК и БЈБ

by fokus

Владата на денешната седница ги избра новите директори на УБК и БЈБ. Како што претходно објави Фокус, нов директор на УБК ќе биде Горан Николовски, а на чело на БЈБ е назначен Лазо Велковски.

Велковски со доаѓањето на Оливер Спасовски на министерската функција беше поставен за началник на СВР Скопје, а речиси целиот работен век го минува во МВР. Тој завршил Факултет за безбедност, а од март 1990 година е вработен во МВР, каде што најпрво работел во униформираниот, а потоа во цивилниот дел на полицијата. Бил и шеф на Градската управа за внатрешни работи Скопје-ГУВР. Горан Николовски во моментот е началник на оддел во УБК.

Поврзани новости