Владата формира Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, за раководител избран вицепремиерот Фетаи

by valentina 10:09
10:09

Со одлука на Владата, формиран е Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот. Со новоформираното тело ќе раководи вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.

Со ова, како што наведуваат од кабинетот на Фетаи, се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот како највисоко експертско тело.

Покрај Фетаи, кој е избран за шеф на ова тело, во Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот ќе членуваат и министрите за внатрешни работи, за правда и за финансии, државниот јавен обвинител, претседателот на Врховниот суд, раководителот на Канцеларијата за поврат на имот, директорот на БЈБ, директорот на Царина, директорот на Управата за финансиска полиција, директорот на Агенцијата за управување со одземен и конфискуван имот и претседателот на Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот.

Слични вести