747
Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва соопшти дека Владата донела забрана за посета на гробишта на целата територија на државава. Забрана ќе важи од утре од 21 часот до понеделник до 5 часот.
-Петок е неработен ден за сите граѓани. Од четврток од 21 часот до понеделник до 5 часот се забранува посета на гробишта на целата територија, освен за погреби, рече Филипче.