Попладнево премиерот Зоран Заев го презентираше ребалансот на Буџетот со кој расходите се намалени за 2,9 милијарди денари, а се предвидува раст од 2,2 отсто. Ребаласот кој го донела Владата е доставен до Собранието.
Заев истакна дека најголемо кратење е направено од буџетот на премиерот, нешто што не се случило во претходните ребаланс на буџетот.
-Скратени се парите предвидени за кампањи и владини рекламирања во странство и дома. Кратењето ќе изнесува 420 милиони денари кои беа наменети за реклами и промоции. Со ребалансот ќе се опфатат стечајните рабтниците, како и субвенциите за зголемување не минималната плата на 12.000 денари од 1 септември. Со минималната плата ќе бидат опфатени 70 илјади граѓани, рече Заев.
Премиерот рече дека досега е откриен скриен долг кон стопанството од 400 милиони евра но тој долг се очекува да расте, затоа што не се „детектирани“ сè уште сите долгови.
-Нема потреба за загриженост. Ќе ги продолжиме и ќе ги завршиме капиталните инвестиции, ќе ги доизградиме салите и училиштата што се почнати. Почнавме да ги решаваме проблемите со автопатот, а ќе почнеме и со изградба на други патишта кои воопшто не се почнати – рече премиерот.