На денешната владина седница е донесена одлука согласно донесениот ребаланс на Буџетот да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Национални шуми. Со ова се решава проблемот на 2. 000 вработени лица во Национални шуми.
Владата усвои информација за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, со предлог Решение, со што ќе се решава сообраќајниот хаос кој владее во Клиничкиот центар.
Владата го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта да се изработи проектна документација за изградба на обиколница на Кавадарци.
Општина Кавадарци и Тиквешкиот регион имаат потреба од изградба на обиколница на градот, имајќи го предвид целокупниот товарен и патнички сообраќај на возила кои транзитираат низ општината, и истиот се одвива преку примарната и секундарна мрежа на сообраќајници, што во голема мера придонесува за уништување на изградената сообраќајна инфраструктура и изложување на Општината на дополнителни оптеретувања на буџетот секоја година, како и за поголем развој на Тиквешкиот регион.