674
Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата 34 седница со повеќе точки на дневниот ред.
На денешната седница влaдата ја усвои одлуката за давање на трајно користење на 8 инкубатори за интензивна нега на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, како и одлука за давање на трајно користење на уште 6 инкубатори на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести од Скопје.
На предлог на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија , владата денеска донесе одлука за давање на трајно користење на уште 16 инкубатори на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, како и 10 инкубатори на клиничките и општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар и Струмица, како и на Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир, во Скопје.
Владата денеска ја прифати информацијата за заедничките седници со владите на Република Бугарија и на Република Албанија. Заедничката седница со Владата на Република Бугарија ќе се одржи на 23 ноември, а со Владата на Република Албанија на 2 декември.