Со 47 гласови „за“ и со 23 „против“, Собранието по скратена постапка го изгласа предлог законот за прераспределба на буџетски пари во кризни состојби.
Па така, без нов ребаланс и одобрение од пратениците, Владата сама ќе ги прераспределува државните пари. Со новиот закон, Владата во време на непогоди ќе одлучува за прераспределба на пет проценти од буџетот.
Причина за оваа измена на Зконот за буџет, според образложението на Владата, е брзо обезбедување пари во кризни ситуации, како што е сегашната.
За опозицијата ова е уште еден начин за нетранспарентно трошење на парите.
Од СДСМ реагираа и на претходно најавениот ребаланс, со кој треба да се обезбедат 36 милиони евра за поплавените и со кој буџетскиот дефицит ќе достигне 4 % од БДП. Од партијата сметаат дека не е потребен ребаланс туку намалување на непродуктивните трошења.