Предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се на дневен ред на денешната 55-та седница на Владата на Република Македонија.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски минатата недела најави корекции на овој закон, откако Марјан Цветковски беше реизбран за генерален директор на МРТ.
-Изборот е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој фунционира во стариот состав, граѓаните знаат кој членува таму под чие влијание тој работи. Веднаш по усвојување на новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиуми ќе се овозможи избор на професионално и непартиски раководство во МРТ и во Агнцијата за медиуми. Овој избор е на важност се додека не го усвоиме законските измени. Законот ќе го усвоиме наскоро со него ќе се овозмози целноста департизација на МРТ и Агенцијата – рече Бошњаковски.