Владата демантира дека ќе има измени во член 353 од Кривичен закон

by fokus

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски ги демантираше инфомрациите дека ќе се направат измени во Кривичниот закон.

„Владата не предлага никакви измени на член 353 од Кривичниот закон и не се очекува каква било промена на тој член во рамки на процесот во Собранието“, напиша Бошњаковски на својот Твитер налог.

Членот 353 од Кривичниот законик се однесува на злоупотреба на службената положба и овластувања.

Поврзани новости