Алармантна е состојбата со пожарот на Серта, Кризниот штаб бара од Владата да се прогласи кризна состојба, објави вечерва неготинскиот градоначалник д-р Горан Стојанов.
Ги објави и следните заклучоци од денешната седница:
-Заклучоци од Штабот за заштита и спасување на Општина Неготино од седницата одржана на ден 13.07.2024 година:
Во врска со актуелната состојба од настанатите пожари на територијата на општина Неготино се донесоа следните заклучоци:
– Состојбата е алармантна, досега ангажирани се сите расположиви ресурси. Неопходна е многу поголема поддршка. Потребно е од страна на Владата да се прогласи кризна состојба.
– Да се обезбеди комплетна опрема за против пожарна заштита, со цел да може при гасењето на пожарот да интервенираат поголем број лица.
– Да се обезбеди дрон од СВР Велес и припадници на СВР Велес, кои ќе интервенираат при гасењето на пожарот.
Пожарот кај Неготино беснее веќе четири дена. Од пред еден час во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип, кај клучка 21 километар, во двата правци.
Вики Клинчарова