Владата да прогласи Ден на жалост, а лидерската средба да се одложи, порачаа од Демократскиот сојуз

by Fokus

Демократскиот сојуз до семејството на Вања Ѓорчевска изразува длабоко сочувство и жалење за трагедијата што се случи.
Од партијата бараат темелна истрага и расчистување на сите аспекти во врска со грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска, како и ликвидацијата на Панче Жежовски.

Оттаму велат дека преку темелна и сеопфатна истрага ќе се разјасни и дејствувањето на МВР.

„Инаку, последните неколку години во Македонија делуваат класични мафијашки организации под заштита на партиите на власт поради што тие станаа недопирливи. Познати криминалци се фотографираат со функционери на СДСМ и ДУИ и се користат во изборни активнисти. Поврзаниста на политиката и мафијата ги пасивизира клучните државни институции, затоа криминалците збеснаа и станаа недопирливи.

Последниот крвав настан се случи во време кога се одржуваше конференција на Советот на ОБСЕ, во Скопје и во услови на преземни највисоки мерки на безбедност. Но, овој криминален чин покажа дека мерките биле фрлање прашина во јавноста.

Очекуваме сите вклучени во овој криминален настан да понесат одговорност. МВР, ЈО И СУДОТ мора да работат ефикасно,одговорно и законито, без какви било пропусти и оправдувања“ порачаа од партијата.

Демократскиот сојуз бара Владата да прогласи Ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи.

Поврзани новости