377
„По владината одлука за спојување на концесиите, сериозна е загриженоста дека се планира отворање на овој рудник“, изјавија од ДОМ.
Оваа партија останува цврсто на ставот против отворање рудници, затоа што тие се штетни по животната средина и здравјето на луѓето. Според ДОМ последиците од уништувањето на природата и загадувањето од рудниците остануваат присутни со децении по нивното затворање.
„Не смееме да дозволиме, заради остварување на профит на поединци, да ја уништуваме иднината на сегашните и идните генерации. Да се посветиме на развој на зелената економија и отворање зелени работни места, за да обезбедиме здрав и квалитетен живот за граѓаните и просперитет на македонското општество“, соопштија од ДОМ.