Владата да го ограничи увозот на половните автомобили, апелираат екологистите

by Фокус

Невладиниот сектор упати предлог до Владата во кој бараат да се ограничи увозот на користени возила постари од 10 години и да се ограничи увозот на нови возила со минимален „ЕУРО 6“ стандард.

Граѓанските организации истовремено бараат од надлежните да се обезбеди функционален јавен превоз, за да се намали бројот на возила по улиците, а со тоа и емисијата на издувни гасови.

Од Владата велат дека засега не се разгледуваат темите околу намалувањето на ДДВ за увоз на половни возила од следната година.

Инаку, 30 проценти од смртните случаи во земјава се поврзани со аерозагадувањето, а неодамнешна студија на Обединетите Нации укажува на тоа дека загадениот воздух е поврзан и со секој деветти смртен случај кај новороденчињата.

Екологистите пред Владата порачаа дека нема оправдувања и дека мора да се преземат мерки против загадувањето на воздухот.

Поврзани новости