499
Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска потврди дека македонската Влада планира да ги спроведе барањата на турската Влада кои се однесуваат на институции кои Турција ги смета за блиски до Фетула Ѓулен.
-Ние даваме силна поддршка на легитимно избраните институции во Република Турција, а прашањето што вие го упатувате претпоставува соодветна операционализација и веројатно ќе се бараат правни и законски механизми во Република Македонија за реализирање на определени цели. Тоа значи дека се бараат правни механизми како да дадеме поддршка на владината политика на Турција, рече Чавков.