Владата го утврди и текстот на Предлогот на закон за изменување на законот за јавнообвинителска служба.
Со предложените измени и дополнувања, како што е образложено од предлагачот, Министерството за правда, врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“број 41/22), се вршат соодветни измени на Законот за јавнообвинителска служба, при што минималната плата е утврдена како компонента на основната плата. Со предложените измени на Законот за јавнообвинителска служба се предлага трансформирање на минималната плата од компонента на основната плата – во дополнителни бодови за звање.
Утврден е и текстот на Предлогот на закон за изменување на законот за судска служба, на предлог на Министерството за правда, со истата цел.
Односно, со предложените измени и дополнувања, врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“број 41/22), се вршат соодветни измени на Законот за судска служба, при што минималната плата е утврдена како компонента на основната плата. Со предложените измени на Законот за судска служба, се предлага трансформирање на минималната плата од компонента на основната плата – во дополнителни бодови за звање.
На денешната седница е донесена одлука Владата да достави писмо до Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, со барање писмено мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија.