758
Владата ја разгледа и усвои Информација во врска со справување со нелегалното приредување на игри на среќа од страна на странски приредувачи на интернет игри на среќа на територијата на Македонија.
На седницата Владата го задолжи Министерството за финансии да достави информација со предлог решенија како да се спречи одлевањето на паричните средства по основ на противзаконито учество на македонските граѓани во странските интернет игри на среќа, како да се спречи пристапот на македонските граѓани до наведените интернет страни на кои се организираат игри на среќа од страна на правни субјекти кои немаат соодветна лиценца согласно Законот и како да се следат паричните приливи до граѓаните стекнати по овој основ.