355
Владата попладнево информираше дека на денешната седница го разгледала и текстот на Предлог законот за амнестија предложен од страна на Министерството за правда.
-По разгледувањето на состојбите во областа што треба да се уреди со законот, целите, начелата и основните и конкретни решенија опишани во текстот на Предлог законот за амнестија, Владата констатираше дека постои потреба од дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции, соопштија од Владата.
Претходно, во медиумите излегоа информации дека министерот за правда, Кренар Лога ја напуштил оваа владина седница бидејќи предлог законот му бил вратен и најавил оставка.