Влада: Уште еднаш е потенцирана поддршката и заложбата на ЕУ за почеток на преговорите

by fokus

На седницата на Владата денеска уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија и беше истакнато дека во овој период се клучните моменти за одлука за напредокот на нашата држава од економски, политички и социолошки аспект, соопшти Владата по одржана 58-та редовна седница на која покрај премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата присуствуваше и се обрати и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Високиот претставник на Европската Унија денеска е во еднодневна посета на нашата земја, во чии рамки одржа средба и прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

-Пред министрите беше потенцирано дека европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по одобрување на истиот, соопшти владината прес-служба.

Поврзани новости