Владата на Северна Македонија прави напори за изнаоѓање на добри решениja за набавка на поевтини енергенси, информирајќи дека цената на електричната енергија на берзата е намалена на под 200 евра.
-Еден мегават час електрична енергија со достава за денеска на берзата ИБЕКС во Софија чини 186 евра што е 46 отсто поевтино во споредба со пред една недела. Еден мегават час струја испорачан денеска на вчерашното тргување на берзата ХУПЕКС во Унгарија чини 189 евра и тоа е за 109 евра поевтино од цената што беше постигната на таа берза пред една недела.
– И во текот на оваа недела ќе разговараме, со цел да најдеме добро решение, особено за индустријата којашто го снабдува населението со основните прехранбени продукти, велат од Владата.
Вкупно за 611 илјади домаќинства е обезбедена електрична енергија од домашното производство на ЕСМ како и парно за 60 илјади потрошувачи во Скопје.