550
Владата на денешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославата организирана од МВР по повод Денот на полицијата, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот со кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите.