Влада: Приклучи се на „Коронавирус МК Koronavirus“, на Вибер, за брзи и точни информации

by fokus

За точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со корона вирусот, владата отвори нов информациски канал на популарната апликација за дигитални комуникации „Вибер“, информира владата.

-Првиот владин комуникациски канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“, исто како и останатите комуникациски алатки кои владата интервентно ги отвори со цел интензивирање на комуникацијата со граѓаните за полесно справување со коронавирусот. Во тој пакет е и официјалната веб страна koronavirus.gov.mk, мобилната апликација за „Андроид“ и „IOS“, како и наменските профили на социјалните медиуми „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“.

Целта на новиот канал за комуникација на „Вибер“ е брзо, целосно и точно информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот од институциите, најнови информации од Министерството за здравство, како и помош на сите граѓани на кои им е потребна точна информација поврзана со ситуацијата.

„Вибер“ e една од најкористените апликации за разменување на пораки во нашата земја, со над 1 милијарда корисници во светот.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ „Вибер“ заедницата, за добивање точни, официјални и брзи информации поврзани со КОВИД-19 на својот мобилен телефон, велат од владата.

Линк за вклучување: https://vb.me/mk_gov

Поврзани новости