Влада: При изведбата на химната беше направена ненамерна грешка

by fokus

Во врска со интонирањето на македонската химна вчера во Американската амбасада во Скопје од страна на Тамара Тодевска во која беа изоставени стиховите во кои се споменуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандански од Владата со реакција дека станува збор за ненамерна грешка.

„Владата го честита националниот празник Ден на независноста на САД и на американскиот народ. Убавите манифестации кои Амбасадата на САД по овој повод ги организира секоја година се одлична можност за оддавање меѓусебна почит и за продлабочување на соработките меѓу двете земји и народите на двете земји. Владата доби известување од Амбасадата на САД и од изведувачката на химната Тамара Тодевска дека станува збор за ненамерна грешка при изведување на химната, како и уверувања за највисоко ниво на почит кон македонските традиција и херои“, се наведува во соопштението од Владата.

Поврзани новости