Влада: По вчерашниот настан во Струга може да се загрози здравјето на граѓаните

by Fokus

Владата го осуди организирањето на настанот во Струга поттикнат за одбележување на верски празник, како и организирањето на прославата за Денот на полицијата во Скопје. Тие бараат и очекуваа од МПЦ и ИВЗ да не преземаат никакви следни чекори по однос на организација на какви било собири од верски карактер.

„Организирањето на овие настани во услови на пандемија значи свесно кршење на забраните за јавни собири, и е резултат на крајно неодговорни одлуки кои се закануваат да ги доведат во ризик и прашање сите ефекти и резултати што беа постигнати во спречувањето на ширењето на корона вирусот. Струга и поширокото подрачје во тој регион беа зони на нагласено присуство на закани од пошироки размери од корона вирусот и беа вложени натчовечки и исклучителни напори и мерки на здравствените работници, на полицијата, на Армијата и на сите останати вклучени во спречувањето на ширењето на вирусот и тоа даде резултати“, велат од Владата.

По вчерашниот настан, се стравува дека може да дојде до сериозни последици заради неодговорното однесување кое повторно го подигна степенот на ризик по јавното здравје и здравјето на граѓаните во општината и во тој регион.

 

Поврзани новости