Влада: Оставката на Дамева е единствената исправна одлука

by Fokus

Одлуката на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева да си поднесе неотповиклива оставка е единствената исправна одлука, велат од Владата, посочувајќи дека по низата забелешки за нејзината работа ова претставувало единствена можна одлука.

„По огромните забелешки за работата на претседателката на судскиот совет Дамева единствената можна и исправна одлука е нејзината оставка. Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира.“

Рекации по денешната одлука на Дамева стигнаа и од дел од партиите од албанскиот блок. Од опозициската ДУИ велат дека оставката на Дамева според нив ја одразува алармантаната состојба во правосудството.

„ Кога високи функционери на правосудството, задолжени за заштита на правото и правдата, јавно се уценуваат, пораката е јасна: во оваа држава, независноста на институциите стана непријател на власта“, велат од ДУИ.

Од пак Вреди одговорија на ДУИ дека како што велат, истата Дамева за која испраќаат соопштенија, тие како партија ја разрешиле.

„Истата Весна Дамева која денеска поднесе оставка и ДУИ леат крокодилски солзи за притисок врз неа, Селим Адеми – член на ДУИ, кој во тоа време во својство на потпретседател ја надгласа и ја разреши од функцијата претседател бидејќи на дневен ред ги ставил точките што ѝ одговараат на поранешната власт.“ – велат од ВРЕДИ.

Оставката на Дамева доаѓа откако премиерот Мицкоски најави робусна акција во правосудството. Премиерот остро ги критикуваше состојбите во правосудството нагласувајќи дека досегашната толеранција на ваквите неправилности ја поткопува корупцијата, потенцирајќи дека како држава мора да се справат со ваквата ситуација.

Поврзани новости