Владата на Република Македонија најостро го осудува насилството, говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани, кои имаат за цел да манипулираат и да ги вознемируваат граѓаните на земјата
– Предизвикувањето немири и несигурност е единствената цел на структурите што стојат зад овие немири, а тоа е во целосна спротивност на интересите на нашите граѓани. Омразата и насилството се штетен концепт и не се избор на граѓаните на Република Македонија. Граѓаните на нашата земја избраа иднина за сопствената безбедност, за економски развиена земја, еднаква со другите во регионот и рамноправна членка во НАТО и ЕУ. Случувањата како оној на 27 април минатата година беа одлучно отфрлени од мнозинството граѓани – се наведува во соопштението.