Министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми, на денешната прес конференција истакна дека на денешната владина седница е одлучено училишната настава да почне онлајн, со два исклучоци.
-Децата треба да пратат настава, но треба да се намали и ризикот за ширењето на вирусот. Образовниот процес е од неспорно значење, но не треба да го замериме здравствениот аспект. Нашата препорака е училиштата да почнат со настава со онлајн, со два исклучоци. Со физичко присуство да почнат учениците од прво до трето одделение, но по барање на родителот, да може да има избор и за онлајн настава. Иама родители кои се хронично болни, или децата ги чуваат баби и дедовци кои се во ризична категорија, рече министерот Филипче.
Тој го појасни и вториот исклучок.
-Вториот исклучок е за оние училишта каде што има мал број на деца во одделенијата, па таму по избор ќе може да се организира настава со физичко присуство, но да нема повеќе од 20 деца, истакна Филипче.
Министерот Адеми ги повтори заклучоците на Владата и потенцираше дека е одлучено по препораките на Комисијата за заразни болести.