507
Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите што случија за време на протестите после судските одлуки во случајот „Монструм“.
-Во демократски општества секој има право на изразување незадоволство, но насилничките инциденти се неприфатливи и недозволиви.
Поаѓајќи од својот јасен став за нула толеранција за ваквите инциденти, Владата укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро осуден и санкциониран и дека сите институции во државата, како и обвинителството и судовите, треба да постапуваат максимално брзо и професионално за било кој напад или закана против медиумските работници, се вели во соопштението на Владата.